Translations:Category:Categories/1/mk

Добре дојдовте на врвниот степен во категорискиот чинослед на Викивидовите. Подолу ќе најдете описи на некои категории. Имајте на ум дека тука прикажаната категориска структура е многу послабо развиена од онаа, да речеме, на поголемите википедии. Ова вики е предвидено да се прелистува претежно преку главните таксонски страници (вид. Археи, Бактерии, Еукариоти и Вируси). Можете и да се послужите со пребарувањето за да најдете нешто што барате.

  • Категоријата „Викивидови“ и нејзините поткатегории опфаќаат страници вон главниот (таксонски) именски простор; тие се однесуваат на управувањето со Викивидовите и на соработката (вкл. кориснички јазици и наоѓалишта), правила, шаблони, авторски права на слики и тн.